Поевтин зелен картон во август

Bez autora
Jun 07 2011

Првиот потег што ќе го преземе новата влада е поевтинување на зелениот картон, ама тоа, сепак, ќе се случи некаде кон крајот на летото. Според роковите, тоа би можело да биде и по 10 август, евентуално малку порано доколку Владата се формира побрзо од крајно утврдениот законски рок. Значи, оние што ќе патуваат во овој или во наредниот месец надвор од земјава, ќе треба да си купат скап зелен картон, по стара цена, или 2.500 денари за само еден месец. А оние што ќе чекаат до август, можеби и ќе заштедат некој денар. Она што е интересно во целава ситуација е што осигурителниот бизнис упорно молчи. Од Националното биро за осигурување само кусо велат дека не сакаат да коментираат, или поконкретно, дека ниту ја поддржуваат ниту ја оспоруваат изјавата на министерот за финансии, Зоран Ставрески, дека зелениот картон има реална основа да поевтини за најмалку 30 отсто.

Поевтин зелен картон во августПрвиот потег што ќе го преземе новата влада е поевтинување на зелениот картон, ама тоа, сепак, ќе се случи некаде кон крајот на летото.

Според роковите, тоа би можело да биде и по 10 август, евентуално малку порано доколку Владата се формира побрзо од крајно утврдениот законски рок. Значи, оние што ќе патуваат во овој или во наредниот месец надвор од земјава, ќе треба да си купат скап зелен картон, по стара цена, или 2.500 денари за само еден месец. А оние што ќе чекаат до август, можеби и ќе заштедат некој денар.

Она што е интересно во целава ситуација е што осигурителниот бизнис упорно молчи. Од Националното биро за осигурување само кусо велат дека не сакаат да коментираат, или поконкретно, дека ниту ја поддржуваат ниту ја оспоруваат изјавата на министерот за финансии, Зоран Ставрески, дека зелениот картон има реална основа да поевтини за најмалку 30 отсто. Граѓаните сакаат веднаш да падне цената на картонот, иако знаат дека е тешко изводливо затоа што прво треба Бирото да поднесе барање за корекција на цената до Министерството за финансии. Но, од Бирото велат дека немаат таква намера и дека ќе ја чекаат новата влада за да се отвори ова прашање.

Според втората варијанта, како што објаснуваат од Бирото, Владата тоа може да го спроведе преку измена на закон. Најизвесно е дека овој потег ќе го стори новата влада на прават нејзина седница. Ова го потврдија и министерот и вицепремиер Ставрески и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, во изјави за „Утрински весник“, „Како што соопшти министерот Ставрески, по првата владина седница ќе се намали цената на зелениот картон“, повторија од Финансии. „На една од првите седници на Владата, намалување ќе има. Сепак, колку точно ќе биде, не можам да кажам бидејќи се' уште ги немам видено анализите“, вели Пешевски.

Ставрески во предизборната кампања веќе најави дека за намалувањето на цената на зелениот картон има реално основа и дека според анализите за состојбите во осигурителните друштва и завршните сметки за 2010 година се покажало дека има простор за намалување, кое нема да биде помало од 30 проценти. Тоа ќе важи и за транспортерите и за граѓаните.

Тоа значи дека картонот, кој за еден месец сега чини 2.450 денари, би требало да падне на 1.700 денари, а за една година наместо 9.840 денари, ќе се плаќаат 6.888 денари.

Оваа информација дојде откако Србија објави дека од 2012 година возачите од оваа земја ќе можат да патуваат во речиси сите европски држави, без да им биде потребен зелен картон.

Транспортерите веднаш го поздравија ова ветување затоа што со години бараат пониска цена на картонот. „Очигледно, сега по објавувањето на завршните сметки на осигурителните компании, се гледа дека нивната заработувачка е многу поголема. Нам ни е важно да се реализира тоа, иако сметам дека можеше и многу порано тоа да се направи“, вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“.

Во земјава годишно се продаваат околу 1.100 зелени картони, што за осигурителниот бизнис е мал број. Тие постојано реагираат дека има многу и нерегистрирани возила, или над 30 отсто. Во земјава има околу 500.000 возила, а се регистрираат околу 300.000. Можеби ова ќе биде основа и за вметнување на зелениот картон во осигурувањето за автоодговорност, па така сите ќе мора да го плаќаат при регистрацијата на возилата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik